| четврток, 6 декември 2018 |

И дошол дома ги искршил прозорците и и се заканувал

mvrПедесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила вандализам во куќата каде што живее. М.И. во полициската станица на Бит-пазар пријавила закани по нејзиниот живот и по животот на ќерка ѝ, како и вандализам врз куќата во која живееле.

Имено, вчера околу 16.30 часот, на ул. „Славеј Планина“, во куќата каде што престојувала, дошол С.Д. (45) и со метална шипка ги скршил стаклата од прозорците и вратите, упатувајќи им сериозни закани по нејзиниот живот и по животот на нејзината ќерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top