Деби Хербеник и нејзиниот тим од Универзитетот спровеле истражување над стотици жени на возраст од 18 до 63 години од кои половината доживеале сексуално задоволство за време на физичките вежби. Притоа, барем како што тие тврделе, воопшто не фантазирале за секс ниту замислувале партнер со кој во тој момент би сакале да водат љубов.
– Овие податоци сугерираат дека оргазмот не мора да биде поврзан со сексот, и не учат за процесите во организмот кои доведуваат до оргазам кај жените – вели Хербеник.
Научниците велат дека најефикасни се стомачните вежби. Тие имале најголем удел во предизвикувањето на сексуално задоволство – 54,1 отсто, а потоа кревање тежина 26,5 отсто. Оргазам можете да доживеете и во природа доколку возите велосипед -15,8 отсто, трчање 13,2 отсто, пешачење и планинарење 9,6 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.