Официјалните лица на јамајканската репрезентација потврдија дека претставниците на Агенцијата за антидопинг (WADA) ненајавено пристигнале во нивниот камп.
Ова е првпат цела една репрезентација да биде подложена на тестирање во пресрет на некое големо натпреварување.
Атлетичарите од Јамајка се под силен надзор откако поранешниот светски рекордер на 100 метри Асафа Пауел и неговата колешка од репрезентацијата Шерон Симпсон беа меѓу петтемина атлетичари позитивни на допинг-тестот на националното првенство во Кингстон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.