Прогнозите на експертите од Бугарија се дефинитивно песимистички, но сепак, за рекорди какви што објави Меѓународната организација на трудот за Бугарија, според нив, не може да се зборува.
Од Стопанската комора прогнозираат дека се очекува стапка на невработеност од околу 13 отсто, а според Агенцијата за вработување е малку под овој праг – околу 12,4 отсто. За жал, лош знак е дека повеќето компании не планираат отворањето на нови работни места во 2013-та.
Бугарскиот бизнис останува претпазлив. Договорите не се зголемуваат и работодавците не размислуваат за нови работни места, напротив.
-Намалена потрошувачка, намалено темпо на пораст на извозот, а мисењата на многумина е дека ситуацијата ќе се влоши, и најверојатно ќе треба да планираат дополнително намалување на персоналот- изјави Камен Колев од БСК.
Според економистите, оваа година не се очекува и бум на инвестициите, со што проблемот “невработеност” ќе остане. Очекуваниот економски раст исто така не подразбира движења на пазарот на труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.