| четврток, 6 декември 2018 |

Камион се запали во тунел, повредени 55 лица

Камион се запали во тунелот „Гудванга“ во западниот дел на Норвешка. По денешната експлозија евакуирани се 160 лица, од кои 55 се пренесени в болница.

Според тамошните медиуми по запалувањето на камионот светлата во тунелот се изгаснале, а повеќето од евакуираните лица вдишиле чад. Нкои биле полесно повредени поради судир на нивните автомобили во темницата. Меѓу евакуираните се наоѓа и возачот на камионот, кој не бил повреден.

Според полицискиот портпарол Јерн Ласе Рефснес причините за пожарот се се уште не  познати. Камионот се запалил на 3,5 километри од влезот во тунелот, во реон источно од Берген.

Тунелот „Гудванга“, кој со 11,4 километри е втор по должина тунел во Норвешка, се смета за една од најубавите вакви градби и за време на летната сезона привлекува туристи од целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top