| четврток, 6 декември 2018 |

Жервињо ќе игра за Рома

Жервињо ќе биде големо засилување за тимот на Рома. Италијанскиот прволигаш конечно успеа да пронајде заеднички јазик со челниците на Арсенал околу трансферот на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска

Gervinho

Рома  се обидуваше да го донесе овој фудбалер на позајмица, но откако Арсенал одби неколку вакви понуди, италијанскиот клуб на крајот се согласи да плати осум милиони евра, колку што Арсенал побараа за овој фудбалер.

Жервињо, кој веќе напомена дека не се чувствува најсреќен во Арсенал, експресно ги договори личните услови, па во следните три години во Рим ќе зема плата од 2,4 милиони евра по сезона. Тој пристигнува во Рим на барање на тренерот Гарсија, кој имаше одлична соработка со голгетерот додека двајцата беа дел од тимот на Лил. Гарсија се надева дека Жервињо ќе претставува големо освежување за нападот на „волчицата“, а самиот негов ангажман значи и сигурно заминување на Освалдо, за чии услуги сега сериозно се интересира Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top