| четврток, 6 декември 2018 |

Украден накит вреден 40.000 евра од луксузен хотел на француската ривиера

pink-panteri-pljacka-satova-kan-hotel-karltonВо луксузен хотел на француската ривиера крадци украле накит вреден 40.000 евра од два сефа во соби на гости, јавуваат светските агенции.

Крадците се обиделе но не успеале да обијат уште неколку сефови во хотелот Гранд  во гратчето Сен Жан Кап Фера.

Минатиот викенд група крадци за кои се претпоставува дека се членови на бандата Пинк Пантер украдоа накит вреден 136 милиони евра, што претставува најголем грабеж на накит во Франција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top