По одлуката на САД да затвори неколку амбасади на Блискиот Исток и во северниот дел на Африка, на ист чекор се одлучија и Франција, Германија и Британија кои ги затворија нивните дипломатски претставништва во Јемен.
– Одлуката е донесена од безбедносни причини поради зголемена опасност, соопшти портпаролот на француското министество за надворешни работи.
Како што јавува Би Би Си, иста одлука донеле и Велика Британија и Германија.
Вашингтон пред два дена соопшти дека утре ќе бидат затворени 21 амбасади конзулати на САД на Блискиот Исток и во северна Африка по добиени информации за можни терористички напади кои ги планирала Ал Каеда.
Во меѓувреме, Интерпол издаде глобално предупредување за опасност поради повеќе случаи на бекства на затвореници од затвори во девет земји кои се во врска со Ал Каеда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


