| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: СДСМ подготвен за консензус по прашањето за името

zaev ahmetiПретседателот на СДСМ Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети испрати соопштение за јавноста во кое информира дека лидерите се согласиле „да испратат позитивни пораки на добри меѓуетнички и меѓучовечки односи“. На средбата биле разгледани повеќе важни прашања од национален интерес меѓу кои и за спорот за името со Грција. На оваа тема Заев вели дека „поддржува дебата, но не и политиката на Груевски“.

–      Можам да констатирам дека меѓуетничкиот соживот и меѓучовечкото почитување се главен предуслов доколку сакаме Република Македонија, како земја заедничка за сите, да биде место каде што ние политичарите ќе ја исполниме нашата обврска, а тоа е да градиме земја, успешна и перспективна за сите граѓани подеднакво. Разговаравме за економската состојба, за проблемот со името. Разговаравме за меѓуетничкиот соживот во државата, за соработката со соседите, за нашите евро-атлански интеграции. Можам само да кажам дека СДСМ останува конструктивен и е подготвен на вистински консензус по прашањето и решавањето на спорот со името. Но, по пат на политичка дебата, а секако не за поддржување на политиките на Никола Груевски, вели Заев.

Меѓународните фактори, пред се помошникот заменик државен секретар на САД Филип Рикер, во интензивниот притисок што во последно време го вршат врз македонските власти бараат да се отвори дебата за последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, без притоа да се изврши било каков притисок врз грчката страна да се произнесе за предлогот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top