САД предупредија дека Ал Каеда планира месецов да изведе терористички напади на Блискиот исток или на северот на Африка.
Стејт департментот ги предупреди граѓаните на САД од опасност од напади „особено на Блискиот исток, северна Африка и на Арабискиот полуостров“.
Предупредувањето доаѓа само ден откако беше најавено дека во недела , 4 август ќе бидат затворени амбасадите на САД во овие региони поради опасност од напади.
Најавата за затворање на амбасадите може да биде продолжена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


