| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ е во контакт со САД по најавите за тероризам

Evropska-komisijaЕУ презема мерки за безбедност откако САД извести дека од безбедносни причини ќе затвори повеќе свои амбасади во недела, особено на Блискиот исток, каде денот е работен, посочи портпаролот на Европската комисија Александер Полак.

-Свесни сме за американските зафати, и во контакт сме со своите американски колеги. Европските амбасадори во безбедносно загрозените реони се во контакт со американските амбасади, додаде Полак.

ЕУ се уште нема официјален коментар на американската одлука за предупредување на американските државјани за патување во определени држави, при што им се обраќа внимание на „можност од терористички напади, особено воп реоните на Блискиот исток и северна Африка.

-Во овој момент, порача Полак, ЕУ нема никакви информации дека постои потенцијална опасност за европските амбасади, но ќе се преземат сите потребни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top