| четврток, 6 декември 2018 |

Годишнина од „Олуја“: Протераните Срби бараат ажурност од Загреб

олујаСемејствата на загинатите и на исчезнатите во операцијата „Олуја“ упатија апел до хрватската влада да забрза со утврдување на судбината на исчезнатите и со процесуирање на воените злосторници. Во недела се одбелчежува 18 годишнина од акцијата со која беа протерани 250 илјади Срби од Хрватска. Хрватите работат на принцип „тргни- застани“, а годинава само 23 семејства се повикани во Загреб на идентификација, и тоа во февруари, а од тогаш- ништо, посочуваат од здружението на семејствата.

Според српската влада процесирањето на воените злосторства, решавањето на статусите на исчезнатите и создавање услови за враќање на бегалците се неопходни за растеретување на односите меѓу Србија и Хрватска.

Според семејствата исчезнати се околу 2 илјади Срби, а од 1010 ексхумирани тела, идентификувани се 704 лица.

Пред неколку дена, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ посочи дека не сака прославата на годишнината на „Олуја“ да создаде нарушување на атмосферата на добрососедство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top