Србија почна да работи на сите делови од Коридорот 10. Според најавите треба да биде завршен најкасно до првата половина на 2016 година. Иако за сега не се задоволни со брзината со која се одвиваат работите, сепак оваа власт вели дека тоа е космичка брзина во однос на претходните 12 години. Целиот автопат кој се гради до границата со Македонија е долг 75 километри. Србија има проблем со финансирање на дел од патот за кој грчката влада го откажа финансирањето. 75-те километри до границата е поделен во 6 делници се градат и финансираат од различни извори, меѓу кои и Светската банка, Европската инвестициска банка и државата. Главни изведувачи се српски, бугарски и грчки компании.
Европскиот Коридор 10, на кој што во Македонија се работи од Демир Капија до Смоквица, беше тема и на средбата на двете влади во Белград, во насока на подобрување на инфраструктурното поврзување преку овој патен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


