| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Идеалот и татковината за некого вредат повеќе од животот

gruevski-5-Наследниците на македонскиот род, после 110 години ќе го споменува. Цела Македонија го гледа подвигот на овие луѓе и она што тие го направија пред 110 години кога ја бранеа Македонија. 110 години потоа, ние сме тука да им дадеме почит, да ги славиме, да се заблагодариме на нивната чест, порача Никола Груевски, претседателот на македонската Влада кој прв се поклони и положи цвеќе на местото кое ја симболизира македонската историја, македонските почетоци.Груевски со емоции кон историјата, еден по еден ги спомнуваше македонските херои, борците на кои им ја должиме слободата.

-Вие не паднавте залудно, вие паднавте чесно за вашата идеја. Крушево падна, но не беше поразено. Тој ден се роди идејата, која живееше и не можеше да се угасне ни во балканските војни која и покрај неправдите почна да се населува под крилата на ВМРО, под закрилата на слободната држава. Таа идеја придонесе на 11-октомври Македонија да се крене против фашизмот и на крај да победи. Македонскиот народ ја запечати заслужената победа. Денес кога македонскиот народ се наоѓа пред борба за националната слобода, споменот на Илинден треба да е пред лицето на сите чесни и слободољубиви Македонци кои ја сакаат својата земја и слобода, истакна премиерот.

Илинден ќе биде вечен спомен, патоказ, пример, кога еден Македонец ќе дејствува за својата земја.

-Илинден живее и ќе живее во сите народи кои живеат овде, во душите на Македонците кои се насекаде низ светот. Во карактерот на секој човек е да живее и опстои насекаде во светот. Но од секое правило има исклучоци. Денешниот ден и големиот празник Илинден се поврзани со исклучок од правилото дека секој пробува да живее што повеќе. Исклучокот е во нашите предци кои со здрава совест и свест, го заложија животот во името на идеалот за кој се бореа. Идеалот и татковината за некого вредат повеќе од животот, рече Груевски.

Премиерот посочи дека денес, во самостојна Македонија сите ние имаме право и обврска да ја чуваме земјата и да дејствуваме за да го направиме животот овде подобар.

Премиерот истакна дел од реформите направени од оваа Влада во повеќе сектори, се со цел македонските граѓани да имаат подобар живот во земјава. Лустрацијата е најголем сојузник на АСНОМ-ска Македонија, а не противник. Поради оние кои треба да се лустрираат, најголемите херои од тоа време беа мачени, затворани, праќани на Голи Оток, потсети премиерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top