| четврток, 6 декември 2018 |

Тревога- САД ги затвора амбасадите

bengazi_libijaСАД в недела ќе затвори повеќе амбасади во муслиманските земји заради безбедносни закани, соопшти Стејт департментот, не нагласувајќи од што конкретно се стравува.
Ќе бидат затворени амбасадите во Аби Даби, Багдад и Каиро, како и неколку конзулати, а портпаролката на Стејт департментот Мари Харф изјави дека овие мерки ќе бидат спроведени поради загриженоста за безбедноста на дипломатскиот персонал. Според Си-Ен-Ен, исто така, ќе бидат затворени и амбасадите на САД во Бахреин, Израел, Јордан, Кувајт, Либија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Јемен, Авганистан и Бангладеш.
Телевизијата соопшти дека оваа мерка е поврзана со разузнавачката информација за заговор на терористичката мрежа Ал Каеда врз дипломатските мисии на САД на Блискиот Исток и други муслимански држави. Недела е работен ден во муслиманските земји.
Американските дипломатски претставништва се наоѓаат под зголемени мерки за безбедност по минатогодишниот напад на конзулатот во Бенгази, во кој беше убиен амбасадорот на САД Крис Стивенс и уште тројца американски службеници. Според Си-Ен-Ен конзулатот Бенгази, нападнат од исламистичка група на 11 септември лани, бил база на ЦИА. Според оваа телевизија, во Бенгази имало десетици агенти на ЦИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top