| четврток, 6 декември 2018 |

Пријателите на Вранишковски не се поканети на прославата на Свети Сава организирана од Србите во Македонија

Српскиот премиер Ивица Дачиќ доаѓа во Скопје

6DF32BE6742532428D018F3D3FFFBBC2До вечерва (сабота 26 Јануари) припадниците на непризнатата испостава на Српската Православна Црква – ПОА на затворениот Јован Вранишковски не добиле покана за одбележувањето на српскиот национален празник Свети Сава кој ќе биде одбележан утре во Скопје.

Од српската Влада информираат дека на церемонијата на одбележување на Светосавската академија која ќе се одржи  во салата на Македонската опреа и балет ќе присуствува и Српскиот Премиер Ивица  Дачиќ кој ќе има свое обраќање пред членовите на српската заедница во Македонија.

Во понеделник, Дачиќ, со воени почести ќе биде пречекан во македонската влада, по што ќе одржи среба со неговиот македонски колега Груевски.

Економските односи меѓу двете земји и состојбата во регионот ќе бидат дел од темите за кои ќе се разговара на средбата која според протоколот има официјален карактер. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top