На железничката станица во Скопје се снимаше последната сцена од македонскиот филм во режија на Антонио Митриќески. Во „Деца на сонцето“ играат голем број на познати македонски актери како Мето Јовановски, Сашко Коцев, Владо Јовановски, како и голем број на статсти. Главните улоги во оваа љубовна приказна ги имаат Кире Ѓоревски и Ивана Павловиќ. Филмот се снимаше и покрај Преспанското Езеро, а на последното снимање на перонот 3, присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.