Попладнево на магистралниот пат М5 кој води од Битола за Охрид се случи сообраќајна незгода во која учестуваа две возила.
Комбето со охридски регистарски таблички, од засега неутврдени причини, удрило во камион со приколка, по што излетало од патот и се превртило.
За среќа, нема повредени лица, само е причинета материјална штета, пренесува битолската телевизија Тера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


