| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка си го пронашла синот со отсечен полов орган

Slovenia policijaТриесет и петгодишниот А.Р. од Словенија бил пронајден мртов со отсечен полов орган. Тамошната полиција сѐ уште не знае дали младиот човек од местото Видма кај Птуј е убиен или сам си ги нанел повредите. Мртвото тело го пронашла неговата мајка.

Мариборската полиција за весникот „24ур“ потврди дека мажот починал од насилна смрт, но истрагата треба да утврди дали се работи за убиство или за самоубиство. Соседите велат дека мртвиот маж неодамна имал обид да изврши самоубиство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top