Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ќе може да студира политички науки, како што самиот изрази желба, соопшти директорот на затворот „Ила“ кај Осло, каде што овој осуденик за тероризам ја издржува затворската казна.
– Но, тоа ќе бидат самостојни студии во ќелијата. Тој нема да може да оди на универзитет или да има компјутер и интернет. Испитите ќе ги полага во затворот – вели директорот на „Ила“, Кнут Бјаркеид.
Норвешката министерка за образование Кристин Халворсен беше изложена на остри критики кога неодамна рече дека правото на затворениците да студираат не се однесува на Брејвик.
Андерс Беринг Брејвик отслужува 21-годишна затворска казна за масовното убиство на 77 лица во 2011 година во терористички напади во Осло и на островот Утоја. Триесет и четиригодишниот Брејвик го прекинал школувањето кога бил во средно училиште и почнал бизнис, но без голем успех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
Норвешка бара 90.000 работници: Работите по 8 часа на ден, а платата ќе ви биде 7 000 евра
-
Влезе во историјата: Новрешка е најуспешна нација на ЗОИ, подобра и од Америка