Едниот крал на турбофолкот, другиот на популарната српска музика. Македонците Илинден ќе го слават со Аца Лукас и Жељко Јоксимовиќ. На 2 август стадионот „Билјанини извори“ во Охрид ќе го полни најголемиот балкански фолкер. Истата вечер во Дојран, пак, Јоксимовиќ ќе настапува на паркиралиштето на „Гранит“. За следниот ден, пак, е закажан неговиот концерт на истото место како илинденскиот концерт на Лукас.
Имајќи предвид дека 2 август е неработен ден, се очекува граѓаните да го искористат продолжениот викенд, па да се упатат кон туристичките места во и надвор од земјата. За главниот град, кој веќе е полупразен поради годишните одмори, нема најава за некој поголем концерт.
Иако главната прослава на Илинден по правило би требало да биде одржана во Крушево, ни за таму нема најава за настап на некое поголемо име од македонската музичка сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.