| четврток, 6 декември 2018 |

Гужва на Табановце и Богородица – се чека до еден час

bogorodica D Andonovski_12 На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ има зголемена фреквенција на возила, предупредуваат од АМСМ. Според нивните информации, за влез и за излез од државата, само од македонска страна на границите, се чека од 30 минути до 1 час. Сите што планират да заминат на пат преку овие гранични премини пожелно е да размислат и за алтернативни патишта, особено кон Грција за да ја избегнат гужвата.

Од Автомото-сојузот информираат дека на останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top