Демонстрантите кои веќе 48 часа се собираат во бугарската престолнина Софија, денес пред зградата на парламентот се појавија во костими за капење, за да се спротивстават на заминувањето на бугарските парламентарци на долготраен одмор. Оваа „Плажна револуција“, како што ја нарекоа бугарските медиуми е поради револтот кој го предизвикаа пратениците кои се подготвуваат за 32 дневен одмор, по само еден месец работа во парламентот.

За време на протестот демонстрантите извикувале: мафија!, расипници!, оставка!, осудувајќи го заминувањето на парламентарците на одмор, и покрај економската и општествена криза во земјата.

Тие го затвориле влезот во собранието, а пред него поставиле базен, со што просторот пред парламентот го претвориле во плажа. За време на протестите ја повикувале заменичката-претседател на Парламентот, Маја Манолова да им се придружи на капење.

Еден од демонстрантите кој држел транспарент на кој пишувало „пратеници без срам”, вели дека денешниот протест пред најважната државна зграда во однос на тоа „како се работи внатре”, не се срамни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


