| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Наставници-каубојци со пиштоли во училница

kauboiНаставниците и училишниот персонал во средното училиште Кларксвил, американскиот Арканзас, во новата учебна година на работа ќе доаѓаат вооружени со пиштоли.
Ова е резултат по серијата вооружени инциденти што последниве две години се случија во неколку училишта во САД.
Така сега секој вработен ќе добие по 1000 долари за набавка на пиштол и футрола, а општините ќе издвојат по 50 ијлади долари за муниција и за обука на наставниците. Обиулата веќе е почната, а на сликата се гледа како инструктор води еден професор како да го „расчисти“ теренот. Минатата година во училиште во американската сојузна држава Конектикат, 20-годишен напаѓач уби 20 деца и шестмина просветни работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top