Три зелени идеи беа наградени за иновации и аспектот на зелена економија на вториот годишен натпревар „Филантропија преку зелени идеи“, кој се одржа овој викенд (26-28 јули, 2013) во Маврово, Македонија, во организација на Фондацијата на браќата Рокфелер (САД). Натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“ има за цел да ја стимулира и поттикне иновацијата на локално ниво и да ја истражи улогата на филантропијата во ангажирање на заедниците, со цел да генерира бизнис-идеи кои ги користат локалните ресурси и ги ревитализираат традиционалните начини на производство и пазарите во заедницата.
Победници на Филантропија преку зелени идеи за 2013 година се:
• 1. место „Соларна сушара за овошје и зеленчук“ Аница Симовиќ, Србија
• 2. место „Мебел и рециклирани предмети“ Пезана Реџа, Албанија
• 3. место „Подвижна продавничка на соларна енергија – Сончев мраз“ Јосип Грабаревич, Србија

– Пред државниот натпревар во Србија ова беше само идеја, но сега, благодарение на Фондацијата на браќата Рокфелер, идејата која ја развивав многу години, конечно, ќе се оствари. Силно верувам дека овој проект ќе биде корисен, не само за мене и моето семејство, туку и за целата локална заедница во Рашка – изјави Аница Симоновиќ, која го освои првото место.
Овој настан е проект на Фондацијата на браќата Рокфелер кој се спроведува во партнерство со локалните фондации кои ги претставуваат петте земји од регионот: Центарот за институционален развој (ЦИРа) од Македонија, Траг Фондацијата (порано Балкански фонд за локални иницијативи) од Србија, Форумот за граѓански иницијативи (ФГИ) од Косово, Фондот за активно граѓанство (fAKT) од Црна Гора и Партнери Албанија од Албанија. Овие фондации беа одговорни за администрацијата на националните натпревари. Секоја локална организација преку натпреварите на национално ниво избра и номинираше три мали бизнис идеи кои промовираат зелена економија. Бизнис идеите беа презентирани на натрпеварот во Маврово пред независно, меѓународно жири.
Учесниците на натпреварот (Натпреварувачите, организаторите и претставници на фонадациите,а оваа година и набљудувачите од секоја земја) сведочеа и слушнаа прекрасни идеи и иновативни пристапи (од подароци изработени од рециклирани материјали, волнени сувенири и традиционални чанти изработени од овча кожа, елктронска платформа за визит картички, био продавници, ботанички градини, еко-хостел, обработка и примена на употребено масло за јадење итн.). Петнаесетте локални бизнис- идеи кои беа презентирани се оценуваа според следниве критериуми: одржливост и изводливост на бизнисот; степен на еко-пријателски пристап и користење на чиста енергија; одржливо користење на локалните ресурси; и едукативната улога во заедницата.
На трите победници ќе им бидат доделени 10.000 долари за да ги реализираат своите планови.
Македонскиот тим успешно се претстави со зелени идеи за: * Употреба на неискористената волна и кожа од овците за креирање на традиционални кожени чанти (јанџик) и разни сувенири (Асоцијација на одгледувачи на овци од Западна Македонија, претставена од г. Љуљзим Фејзулаи) * Производство и продажба на садници и одгледување на брзорастечко дрво Павловнија-Дрво на иднината, бели дробови на градот и срце на македонското село (преставена од г. Борис Чавковски –индивидуален земјоделец) *и зелената идеја за засадување на автохтони билки на овошни насади во источна Македонија (организација Слоуфуд Осогово, претставена од г-ѓа Светлана Станојевска). Финалните рангирања на учесниците ќе бидат споделени наскоро, и, со оглед на позитивните реакции на присутните и жирото, очекуваме и оваа година една од наградите да ни се измолкнала за (нецел) поен, како што тоа се случи минатата година на натпреварот во Црна Гора.
Ова е втора година на примена на модел за тестирање на филантропијата како мотор за развој на зелени идеи и проекти.
– Додека економиите на земјите во регионот се обидуваат да го најдат своето место во глобалната економија и додека глобалната економија „се дрма“ луѓето сфаќаат дека, по се, централизираните системи може и да не се најдоброто решение. Затоа, сите ние треба да трагаме по нови форми на организирање и вклучување на локалните заедници со што, последователно на тоа, бенефит би имале повеќе луѓе, отколку да сведочиме како профитот и капиталот се концентрираат во рацете на малкумина – изјави г. Хаки Абази, програмски директор на програмата на Западен Балкан на „Фондацијата на браќата Рокфелер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


