ЕВН Македонија ги интензивира контролите на мерните места и во втората половина од месецов откри 22 корисници директно приклучени во мрежата, велат од компанијата. Тројца од фатените го манипулирале броилото, а тринаесет имале непријавено броило во системот, што, исто така, е кривично дело казниво според законските прописи во земјава – велат од ЕВН.
– Засилените контроли и присуството на полицијата и судските вешти лица придонесоа да се откријат двојно поголем број кражби на електрична енергија споредено со првите недели од јули. Штетата што ја направиле во системот изнесува седум милиони денари. Крадците нелегално потрошиле 894.000 киловат-часови електрична енергија – велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


