Јат Ервејс утре ќе добие официјално одобрение за стратешко партнерство со Етихад од Обединетите Арапски Емирати. Етихад ќе купи 49 проценти од акциите, а државата со преостанатите 51 проценти ќе остане мнозински акционер во националниот авиопревозник. Ер Србија- новата заедничка компанија, до крајот на годината ќе добие 10 Ербас авиони.
Се очекува дека Етихад ќе инвестира 100 милиони долари во заедничката компанија а исто толку ќе инвестира и Србија. Преку социјалната програма од компанијата ќе заминат од 300-500 вработени, но и ќе се вработат околу 100 пилоти и стјуардеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.