| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанија: „Долгата рака на Москва во Бугарија“

sofiaБугарија е многу важна територија за руските монополи во областа на гасната и нуклеарната енергија „Гаспром“ и „Росатом“, а владата на Пламен Орешарски, веднаш по доаѓањето на власт, соопшти дека ќе им даде предност на руските енергетски проекти – новата нуклеарка во Белене и „Јужен тек“, пишува шпанскиот весник АБЦ во својот текст со наслов „Долгата рака на Москва во Бугарија“, пренесува „Економски“.

Пишувајќи за антивладините протести во Бугарија, весникот го цитира разговорот со писателот и универзитетски професор Владимир Левчев, кој е претставен како учесник во протестите и познат по несогласувањето со режимот на Тодор Живков.

Во текстот се наведува дека сегашната влада планира да ја „премоделира геополитичката ориентација на земјата, која од 2007 година е членка на ЕУ“. Доказ за тоа авторот гледа во „присуството на различни нивоа на управување на поранешни агенти или соработници на бугарските тајни служби на комунистичкиот режим во Бугарија, поврзани со КГБ, кои ги штитат интересите на руско-бугарската енергетска мафија“.

Како пример за „желбата на бугарските социјалисти да ја оддалечат земјата од вредностите на западната демократија“ е наведена нивната соработка со „екстремните националисти од Атака“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top