Најмалку две деца се повредени при уривање на рингишпил во местото Мали Црнича во близина на Пожаревац, јави „Блиц“.
Иако според првичните информации на весникот во несреќата имало десет повредени деца, од кои четири посериозно, лекарите од болницата во Пожаревац тврдат дека биле донесени само две деца со повреди на колкот и на потколеницата.
Дежурниот лекар соопшти дека во болницата биле донесени и други деца од страна на нивните родители, но не знаеше да каже колку вкупно се пријавени за повредени.
Причините за несреќата сѐ уште не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.