Од Вашингтон се најавува дека ќе се обзнанат документите класифицирани со “тајно“ од програмата „Призма“ за електронско следење на информациите, за кое што јавноста ја алармираше Едвард Сноуден. Ваквиот чекор се смета дека би бил во чекор со напорите на директорот на НСА Џејмс Клапер за поголема транспарентност. Документите, исто така, ќе опфаќаат и информации за работењето на Судот за шпионирање во странство, кој работи во тајност.
Информациите објавени од Едвард Сноуден за програмата за следење на комуникациите на американската Влада, ја брануваа меѓународната јавност, откако отркие дека агенцијата следела и државјани на други земји.
Во меѓувреме Сноуден нема да може да се стекне со руско државјанство по кратка постапка, сооптија од Москва.-Нема никакви законски норми на основа на кои би му се дала таква можност- изјави заменик директорот на ФМС, Владимир Буров.
Минатиот месец, ФМС предупреди дека Сноуден, кој се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шерметјево, би можел да остане таму уште половина година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.