Српскиот премиер Ивица Дачиќ предложи Владата на Србија да продолжи да функционира без партијата Обединетите региони на Србија и нејзиниот лидер Млаѓан Динкиќ, кој е министер за финансии и економија. Премиерот на северниот сосед ја повика Српската прогресивна партија да остане во коалиција со неговата Социјалистичка партија на Србија и покрај тоа што немаат исти ставови за реконструкцијата на српската Влада. доколку пак
Српската прогресивна партија не го прифати тоа, единственото решение е да се закажат избори или да се формира некаква коалиција без Социјалистичката партија на Србија. –
На пример Српската прогресивна партија со Демократската партија или со некоја друга – изјави Дачиќ на прес-конференција по консултациите на лидерите на владејачката коалиција за планираните промени во кабинетот.
Дачиќ истакна дека Динкиќ сакал да биде вицепремер, одговорен за инвестициите, истовремено да биде министер за транспорт, телекомуникации и информатичко општество и да раководи со Агенцијата за поттикнување на извозот. Српскиот премиер нагласи дека не ги прифаќа ваквите барања и смета дека е најдобро Владата да продолжи без партијата Обединетите региони на Србија. Тој ќе се сретне со претседателот Томислав Николиќ, со цел да го запознае со резултатите од консултациите на владејачката коалиција за реконструкција на Владата.
Ако партијата Обединетите региони на Србија излезе од владејчаката трипартиска коалиција, Српската прогресивна партија и Социјалистичката партија на Србија ќе останат со незначително мнозинство во Парламентот, 128 од вкупно 250 гласа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.