Норвешкиот екстремист Андерс Брејвик, осуден на казна затвор за масовното убиство на 77 лица во 2011 година, сака да студира политички науки на Универзитетот во Осло. Од тамошниот институт за политички науки потврдуваат дека ги добиле документите за негов упис, но сѐ уште нема информација дали неговото барање за упис ќе биде прифатено.
Триесет и четири годишниот Брејвик го прекинал школувањето кога бил во средно училиште и почнал бизнис, но без голем успех. Тој има право да следи некои предмети, кои се предаваат на Институтот, но не може да добие диплома, бидејќи не завршил гимназија.
Норвежанецот отслужува 21-годишна затворска казна, која може да му биде продолжена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Киненова“: Ексклузивна програма „Фокус на Норвешка“ во Кинотека на Македонија
-
Матијас Енар, француски автор со меѓународно реноме разговараше со студентите од Филолошкиот факултет (галерија)
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)
-
47 студенти се запишале на непостоечки факултет во Охрид


