Пред Општина Центар повторно протести. Пазарџиите од дивиот пазар се бунат зошто е исчистен и затворен „бувљакот“, местото каде што се работеше на диво и беше полно со смет и можност за зарази.
Луѓето што дојдоа пред Општината беа донесени од партиски активисти, кои и го организираа ова, иако сите знаат дека работењето беше незаконско. Уште пред да биде избран за градоначалник, Андреј Жерновски вети дека сите ќе мора да го почитуваат законот и дека сите нелегални депонии ќе бидат исчистени.
На овој простор се продаваше сѐ и сешто, од црви за ловење риба, износена облека, храна со сомнителен квалитет, машини. Можеше за евтини пари да се купи и украдена стока.
На сметот кој остануваше, реагираше и Царинската управа и бараа да се расчисти и затвори овој простор, а другиот дел да се користи само за она што има дозвола, полигон за обука на возачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија