| четврток, 6 декември 2018 |

Комитите стигнаа на Илинска Планина

Градоначалниците на општина Дебaрца и Демир Хисар, Игор Трајкоски и Љупчо Блажевски, заеднички ги пречекаа комитите од Здружението „Христо Узунов“, на Илинска Планина кај „Илинска Црква“

komiti

Тие ноќта ќе ја поминат во конаците на „Илинска Црква“, а својот марш ќе го продолжат кон славното Крушево на Мечкин Камен, каде  ќе учествуваат на прославата по повод од 110 гдишнината од Илинденското Востание.

komiti2

Во неделата, со света литургија во парохиската црква „Св. Тројца“ и пригодна свеченост на која присуствуваа градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, претставници на општинскиот Совет и жители на населбата „Радојца Новичиќ“, членовите на Здружението на граѓани „Христо Узунов“ беа испратени на традиционалниот Илинденски марш.
Фото: ohridnews

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top