Тешка сообраќајка се случи пред половина час кај Градска болница, поточно кај автобуските постојки на булеварот. До сообраќајката дошло откако управувачот на такси-возилото пресекол две полни линии, за кого најверојатно ништо незначат, при што моторциклистот директно влетал во возилото. Моторциклистот е пренесен во Градската болница, а полицијата прави увид на местото на настанот.
Извор и фото: motori.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


