Осуммина се убиени во напад на беспилотно летало кое вчера истрелало две ракети во планинското подрачје во северен Вазиристан во Пакистан.
Според извештаите на светските медиуми, ракетите погодиле во објект во кој имало луѓе за кои се претпоставува дека биле милитанти. Има сомневања дека четворица од нив биле странски борци.
Тие вечераа кога ракета го погоди објектот. Потоа дојде група милитанти кои почнаа да ги извлекуваат телата, а беспилотното летало си замина, изјавило анонимно официјално лице за Интернешнал њуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.