Ејк Батиста (56), минатата година рангиран како осмиот најбогат човек на светот, денес повеќе не е милијардер, откако инвестициите во неговата компанија биле претворени во долгови, објави порталот „Точка“.
Бразилскиот нафтен магнат Ејк Батиста (56), кој минатата година бил дел од листата на најбогати во светот и тоа на високото осмо место, денес повеќе не е милијардер. Оваа негова финансиска трагедија се должи на фактот што инвестициите во неговата компанија биле претворени во долгови, што значително ја намалило вредноста на неговите имоти, објавил деловниот магазин “Bloomberg”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.