За древните жители на Месопотамија пеколот бил далечно место, преку океанот на смртта, сместен на самиот крај на светот, а за старите Грци и нивните неолитски претци, капиите на подземниот свет не биле толку далеку.
Годинава, археолозите од Универзитетот Саленто соопштија дека пронашле еден таков портал во грчко-римскиотг рад Хиераполис на југозападниот дел на Турција.
Тимот лоцирал пештера од кој излегуваат отровни гасови за кои во антиката се верувало дека е влезот во Ад. Позната како „Плутонова капија“, наречена според римскиот бог на подземјето, прештерата се наоѓа во близина на остатокот на храмот каде археолозите пронајдоа столб со посвета на богот и на негопвата жена Кора, односно Персефора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



