Денеска заврши тампонирањето, а утре ќе започне асфалтирањето на патот од Прилеп до манастирот Трескавец, во должина од околу 7.5 километри. Ова е услов за реализација на другите градежни активности за реконструкција на конаците од манастирскиот комплекс, коишто изгореа до темел во пожар што избувна на 4 фебруари годинава.
„Во моментов имавме под тампон, некаде околу 6.5 километри, остануваат уште тие 400 метри да ги тампонираме, другиот дел на патот е под тампон и спремен за асфалт. Така да утре стартураме од манастирот надолу со асфалтните работи и рачунаме некаде за 20-ина дена да бидеме готови“, вели Пецо Велјаноски од г.п. Гранит-Битола, којшто е раководител на градежните активности на патот.
Како што вели отец Калист, единствениот монах во овој духовен храм, наскоро треба да биде завршен проектот и да се распише тендер за реконструкција на манастирските конаци.
„Тоа што не радува е дека и проектот за водоводот е веќе завршен, сега се обидуваме да го најдеме начинот на финансирање на истиот. А,додека со конкретниот проект во врска со обновата на конаците, според информациите што ги имаме од музејот, архитектонските решенија се веќе готови, се работи на внатрешните инсталации: електрика, водовод, канализација…“, вели отец Калист.
Изградбата на патот не е пречка за редовните посетители. Тие секоја недела доаѓаат да помогнат во манастирот.
„На манастирот Трескавец доаѓаме повеќе од 20 години редовно, еве и по пожарот редовно доаѓаме, му помагаме на отецот Калист, се што можеме да помогнеме“.
„Еве секоја недела врне, грми , снегови…му помагаме на отец Калист, се што можеме“.
Помош и донации за обнова на манастирот доаѓаат не само од Македонија, туку и од многу иселеници во Австралија,кои собрале околу 40.000 евра, од Англија, од Швајцарија и други држави.
Иако, во пожарот остана недопрена, за прв пат ќе се реконструира и манастирската црква Успение на Пресвета Богородица, која датира од 12 век и во која се наоѓаат вредни фрески со трислоен живопис, кои се оставени на забот на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Манастирот во Калишта исцелува од болести и ги дарува оние кои не можат да имаат деца
-
Алармантно: Манастирот Трескавец повторно во опасност, пожарите се намерно предизвикани
-
Oдбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот во Матка
-
Итно се бараат доброволци за Трескавец: Дел од пожарите во прилепско се подметнати


