Во центарот на Лондон, на познатиот плоштад „Трафалгар“, поставена е џиновска скулптура на син петел, со висина од 4,7 метри, објави „телеграф„. Скулптурата сместена пред Народната галерија на уметностите, е дело на Катрин Фрич и е наречена „Hаhn/CоCk“. Името има двојно значење – петел и пенис и ја симболизира машката доминација во Велика Британија.
Градоначалникот на Лондон Борис Џонсон изјави дека петелот добро ја отсликува самодовербата со која зрачи градот уште од Олимписките игри, пренесува „Блумберг“.
Синиот петел, што на плоштадот ќе остане следните 18 месеци, е замислен како весел контраст на сериозните бронзени статуи на кралеви и генерали, кои доминираат на овој простор.
Сепак, според германската авторка, делото содржи и доза хумор бидејќи сината боја и петелот се симбол на Франција, а е поставена на место што ја слави победата над Наполеон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


