| четврток, 6 декември 2018 |

Орешарски: Ја поддржуваме Евроатлантската интеграција на Македонија

орешарскиБугарија го поддржува членството на Република Македонија во НАТО и во Европската унија, рече премиерот Пламен Орешарски во Ќустендил по работната средба со македонскиот колега Никола Груевски.

-Имавме еден искрен разговор во четири очи со премиерот Груевски. Би сакал да истакнам дека Бугарија го поддржува членството на Македонија во НАТО, како и во Европската унија, како и на сите земји од Западен Балкан, рече бугарскиот премиер.

Премиерот Орешарски, исто така, смета дека е добро да организираме заеднички прослави на одделни историски настани и личности, кои се толкуваат на различен начин и во двете земји.

-Сметаме дека назначените разлики во политички и надворешнополитички план не треба да бидат никаква пречка за развојот на билатералните односи во економски и трговски план и во планот за подобра конекција на инфраструктурата. Сметаме дека тоа е важно за подобри врски помеѓу луѓето кои живеат во двете земји, додава Орешарски.

Тој додава дека се држи до договорот за добрососедство и соработка и се надева дека на него ќе се работи забрзано, пренесе бугарски Блиц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top