| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ: Со намалени провизиите „зачуваме“ 700 милиони евра

creditcardsБрисел бара намалување на провизијата при плаќање со банкарски картички. Со тоа годишно би се „зачувале“ повеќе од 700 милиони евра кои граѓаните денес ги плаќаат „на сметка“ на употреба на картичките.

ЕУ е со намера да ја ограничи провизијата за користење на банкарските картички со цел да има помала цена при плаќање со дебитна или кредитна картичка. Европската комисија вели дека моменталните банкарски маржи за плаќање со картички, кои се движат и до 1,5 отсто од вредноста на трансакцијата, се неусогласени и високи, што доведува до повисоки цени на производот и наштетува на конкуренцијата на европскиот пазар.

„Предлагаме да се намалат меѓубанкарските давачки за домашното и прекуграничното плаќање со дебитни и кредитни картички, и тоа на 0,2 отсто од цената за дебитни и 0,3 отсто за кредитни картички“, изјави европскиот комесар за трговска политика и услуги Мишел Барние.

Планот на Европската комисија е предлогот, доколку биде усвоен од Европскиот парламент и земјите членки, да стапи на сила во 2015 година, јавува Дојче Веле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top