| четврток, 6 декември 2018 |

Нов Зеланд ги брка дебелките?

дебелинаЈужноафриканскиот готвач кој работи во Нов Зеланд му било кажано дека е предебел да живее таму. Дури и откако ослабел 30 килограми од кога се доселил. Готвачот и сопругата се доселиле во 2007 кога имал 160 килограми, пренесува ББЦ, а никогаш немале проблеми за обновување на едногодишната работна виза. Но годинава е одбиен заради „здравствен ризик поврзан со неговата тежина“.

Сега двајцата не работат и се соочуваат со депортација. „Иронијата да е поголема, сега е полесен отколку кога се доселивме на Нов Зеланд и кога го направивме првиот преглед“, вели сопругата на готвачот.

За новозеландската Имиграциска служба „многу е важно здравјето на доселениците да биде на прифатлив левел за да не се напрегне нашето здравство“. Сега се чека одлука на жалбата на семејството на готвачот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top