Лидерката на ФЕМЕН Ана Хутсол била претепана во Киев. Таа била нападната во едно кафуле пред рисутните гости, а мажот- напаѓач неколку пати ја удирал со боксови по лицето. Потоа и го земал нејзиниот лаптоп, во кој има важни информации за целата организација, по што мирно го напуштил локалот.
„Во насока да не се дозволи повторно сценариото од Хановер кога активистките голи истрчаа пред рускиот патријарх Кирил, Москва бра да се сопрат „секстремистите“ по секоја цена, па така имаше обид за убиство на советникот Виктор Свијатскиј, грабнување на три активистки и фотографката, тепањето на Ана Хутсол, Крадење на нејзините работи. Што е следно, Путин?“ прашуваат од ФЕМЕН на нивната Фејсбук страница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.