Камперите закупци на приколки во кампот Ливадишта со обвинување до Фијат Цаноски, за кого како концесионер на кампот, тврдат дека го запуштил. Иако редовно си ги плаќаат сметките, камперите не можат да влезат во кампот бидејќи нема струја и со години ништо не е вложено.
„Овој камп е единствениот камп на цела Охридска ривиера со изградена комплетна инфраструктура т.е истиот е парцелизиран, асфалтиран, хортикултурно уреден, ограден, комплетно осветлен и има три санитарни чвора.
Во таква состојба му беше даден на концесија на Г-динот Фијат Цаноски во 2009 година. Од тогаш до денес концесионерот во кампот не вложи речиси ништо, освен што направи еден шанк на плажа, едниот санитарен чвор го поплочи со плочки од најлоша класа, кои се испокршија уште првата година и сончеви колектори кои не функционираа. Сакаме да напоменаме дека денес кампот е без струја и вода затоа што концесионерот не ги подмирувал сметките, без инвентарот од ресторанот, столови, маси, роствајни тенџериња, тави и друго, оставени од страна на ЕЛЕМ, а истите тие се однесени во ФОН“, се вели во писмото кое го објави Мк Њуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.