Уставниот суд го прогласи за неуставен Законот за образование со кој мајчиниот јазик се преименува во црногорско-српски,босански и хрватски јазик и литература. Спогодбата од 2011 година била услов за Европската комисија да предложи и отвори преговори меѓу ЕУ и Црна Гора. Измените на Законот за образование беа усвоени по спогодбата за јазикот, од пред две години договорена од тогашниот премиер Игор Лукшиќ и опозицијата.
Матицата на црногорска до Уставниот суд поднела иницијатива за оценка на одредбите од Законот за образование што се однесуваат за употребата на службениот јазик. Тие во иницијативата навеле: Наместо да се почитува уставното решение дека службен јазик во Црна Гора е црногорскиот, се избегнува негова примена, па се доаѓа до состојба во Црна Гора да не постои службен јазик, освен како уставна декларација која никого не го обврзува“.
За нив тоа е начин да се заштити службениот црногорски јазик и негова законита примена во државните институција, посебно во образовните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.