Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација не ја искористија првата од двете меч топки за пласман во А дивизијата за играчи до 18 години. Црвено – жолтите во полуфиналето загубија од Црна Гора со 62:60.
Магдевски направи одличен потег кога по една украдена топка погоди тројка на две минути до крајот и ја доведе Македонија во водство од 60:59, но во преостанатиот дел од натпреварот избраниците на селекторот Мирза Кутовиќ не постигнаа ниеден поен. При водство на противникот од 61:60 нашата селекција го имаше последниот напад, но следеше загубена топка од страна на Николов, со што паднаа во вода надежите за пласман во финалето. За пласма во А дивизијата, Македонија во малото финале утре ќе треба да ја совлада Белгија
Магдевски и Николов беа најефикасни на денешниот натпревар со по 13 поени, додека Младеновски оствари дабл-дабл од 11 поени и исто толку скокови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


