| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка меѓу комитите на коњ до Мечкин Камен

Рано утрово, осум коњаници, жители на светиниколското село Немањици, петта година по ред со јавање на коњи на марш долг 200 километри, од нивното село до Крушево го одбележуваат денот на Илинденското востание, јави Канал 5.

devojka komitaМеѓу нив,  има и една девојка, 17-годишната Емилија Јованчева.

– Ми беше задоволство, чест, но и предизвик да се качам на коњ и да докажам дека не само машките, но и ние жените и девојките можеме да се справиме со тоа да четири дена на седло поминеме 200 киломтери и рамо до рамо со машките да отидеме до Крушево, децидна е светиниколчанката, Емилија Јованчева .

За да пристигнат навреме на 2 август на местото на македонскиот непокор – Мечкин Камен, ќе јаваат  четири дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top