Во минатиот број на неделникот Република објавивме дека престставници на НАТО биле незадоволни од фактот што снаата на генерал на АРМ заминала во Кабул целосно неподготвена за борбени операции.
Покрај тоа што не ги поминала потребните психофизички и тактички тестови и специјалниот тренинг во Романија, таа претходно, како канцелариски кадар, никогаш не била дел од борбени операции и тренинзи, кои се неопходни за да се замине на тешка мисија како ИСАФ.
Сепак, шокот од однесувањето на македонската одбрана се мултиплицирал по информациите од нејзините колеги кои тврдат дека таа во Кабул заминала на формациска позиција возач на борбено возило, а воопшто немала возачка дозвола. Се разбира, за време на престојот во Авганистан војникот од женски пол нема да може да ја врши работата за која е испратен на мисија што дополнитечно ги револтира офицерите на НАТО, но и на АРМ.
(Повеќе на оваа тема во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од 26 јули)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


