Државниот секретар во министерството за одбрана Сашо Стефаноски најави вработување на нови 250 професионални војници кои треба да бидат примени на работа во АРМ до крајот на годината.
Владата покажува разбирање за потребите на Армијата и во услови на економска криза успева со конкретни мерки да го поддржи развојот на АРМ. Кога зборувам за конкретни мерки мислам на обезбедените финансиски средства од нејзина страна за вработување на нови, потенцирам, нови 250 професионални војници кои согласно формациската поставеност ќе бидат распределени на соодветни работни места во нејзината структура. Вработувањата очекувам да се реализираат најдоцна до крајот на 2013 година. Во контекст на тоа би сакал да ги споменам и измените на Законот за служба во АРМ кои беа донесени минатата година, а се однесуваат на посебните услови за прием на професионални војници, односно зголемување на старосната граница од 23 на 25 години. Сите оние што ги исполнуваат општите и посебните услови за да станат професионални војници и не се постари од 25 години ќе имаат можност да аплицираат и еднакви шанси да бидат избрани, вели стефаноски во интервју за Вечер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


